Русија значително ги зајакна своите одбранбени линии во јужна Украина, но успехот на оваа стратегија зависи од тоа дали доволно артилерија и персонал ќе може да ја поддржи, соопшти во средата британското Министерство за одбрана.
Потегот е направен за да се спротивстави на можна контра - офанзива од страна на Украинците во правец на крајбрежниот град Мелитопол, соопшти Министерството во својот дневен извештај објавен на социјалната платформа Твитер.
Русија постави три линии на одбрана во регионот Запорожје во последните недели на растојание проценето на 120 километри, секоја на растојание од околу 10 до 20 километри, пишуваат британските аналитичари. Линијата на фронтот вклучува позиции за напади, додека другите две имаат континуирани, поразвиени одбрани. Одбранбените линии имаат потенцијал да станат огромни пречки за Украина, тврди Лондон.
Видете и ова: „Еден ден темнината ќе помине“: Руси избегани од Путиновата воена машина, живеат на мореСепак, тие би можеле да се покажат ефикасни само доколку биле соодветно опремени со војници и муниција. Руската јужна група на сили (SGF) е „многу веројатно“ одговорна за овој регион, се вели во извештајот.
“Останува нејасно дали SGF во моментов може да ги собере сите овие ресурси“, се вели во него.
Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, британското Министерство за одбрана секојдневно објавува информации за текот на војната, повикувајќи се на разузнавачки информации. Москва ги отфрла оценките и го обвинува Лондон за кампања за дезинформација.