Велика Британија се понуди да им помогне на земјите кои се подготвени да испратат авиони во Украина, рече премиерот Риши Сунак, повикувајќи ги сојузниците да продолжат со поддршка на Украина во војната против Русија, пренесува Ројтерс.
Досега одбиваше да испрати борбени авиони, но Сунак рече дека Британија може да помогне на други начини.
Видете и ова: Борел: ЕУ ќе и достави поголема воена поддршка на УкраинаТој, исто така, додаде дека западните сојузници треба да размислат како Русија да плати за обновата на Украина откако ќе заврши војната, и рече дека глобалната заедница треба да признае дека е потребна нова рамка за одржување на долгорочна безбедност.
Соединетите држави, Британија, Германија и другите западни сојузници неодамна попуштија и одобрија испраќање на стотици борбени тенкови, оклопни возила и друго тешко вооружување во Украина поради очекувањата дека Русија се подготвува за нова голема офанзива, веројатно веќе овој месец.