Европски суд - Хрватска да му плати 40 илјади евра на семејството на настрадано авганистански девојче

Европскиот суд за човекови права денеска објави дека Хрватска ја повредила конвенцијата за човекови права во случајот со шестгодишното авганистанско девојче кое загина во налет на воз на хрватско-српската граница и пресуди дека Хрватска на неговото семејство мора да му плати 40 евра оштета и 16.700 евра судски трошоци.

Девојчето Мадине Хосеини загина во ноември 2017 година во налет на воз на хрватско-српската граница, откако хрватските власти на нејзиното семејство наводно му ја ускратиле можноста за барање азил и му наредиле да се врати во Србија движејќи се по пругата, соопшти судот.

Девојчето со семејството биле во група мигранти кои од подрачјето на општина Шид се обидувале да влезат во Хрватска.

Европскиот суд утврди дека во тој случај имало неколку повреди на Европската конвенција за човекови права, односно дека „истрагата за смртта на девојчето била неефикасна, дека децата подносители за време на задржувањето трпеле лош третман и дека одлуките за задржување на подносителите не се решавале темелно“.

Хрватска пред Судот во Стразбур ја тужеше 14-членото семејство на настраданото девојче.