Формирање на македонска платформа во интерес на мултиетничка и заедничка Македонија како унитарна, а не двојазична и бинационална држава, откажување од тиранската платформа од страна на сите политички чинители во земјата и барање да не се бира претседател на Собранието кој не се откажал од албанската платформа, се ултимативни барања кои денеска од Охрид беа повторени од иницијаторите на движењето за „Заедничка Македонија“, пренесува МИА.
Еден од иницијаторите на протестите Богдан Илиески рече дека активностите на движењето нема да застанат, туку оти во наредниот период ќе се интензивираат.