Фридом Хаус соопшти денеска дека во 25 земји забележале опаѓање на демократијата во 2010 година. Според извештајот Средниот Исток и Северна Африка и натаму се регионите со најмал степен на слобода, додека Украина и Мексико од категоријата на слободни земји сега се наоѓаат во таа за делумно слободни земји. Во Кина, Русија, Египет, како и во Иран и Венецуела и натаму се забележува зголемување на репресивните мерки. Напредок бил остварен во Киргистан и Гвинеа по одржувањето на фер и слободни избори. Бројката на изборни демократии паднала на 115 место, кое е најниското од 1995 година. Во извештајот се рангирани 194 земји и 14 територии.