Русија - Заврши истрагата за смртта на полскиот претседател Качински

Русија соопшти дека ја заврши истрагата за уривањето на полскиот авион во Смоленск во западна Русија, кога загина полскиот претседател Лех Качински и уште 95 луѓе. Руските власти им го предадоа извештајот за истрагата на полските истражители. Полска има 60 дена да достави забелешки на истрагата пред документот да се објави во јавноста.