Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан, им го предаде на кипарските Грци и Турци, новиот план за обединување на Кипар и постави рок од една недела за да се изјаснат по планот. Без оглед што расне можноста, планот за обединување на поделениот медитиреански остров да не биде прифатен, Анан е оптимист дека ќе се постигне договор. Обединетите нации соопштија дека се подготвени да го поместат крајниот рок за постигнување договор кој истекува на 28 февруари, но не премногу.