Достапни линкови

Руските „западни воени игри“ и Западот


Руските воени маневри „Запад“ го нервираат Западот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Руските воени маневри „Запад“ го нервираат Западот

Од авиони, радари и бродови на Балтикот, НАТО, како што наведуваат претставници на Алијансата, мирно и доследно ќе ги следи најголемите руски воени маневри од 2013 година. Сепак, некои изразуваат нервоза, оценувајќи дека Москва ја тестира способноста да поведе војна против Западот.

НАТО верува дека маневрите наречени „Запад 2017“ во Белорусија, Балтичко море, западна Русија и руската енклава Калининград започнале многу порано од денешниот официјален почеток.

Исто така се додава дека тие биле поголеми отколку што најави Москва, односно со околу 100 илјади војници.

Освен тоа, претставници на Алијансата сметаат дека во вежбите се вклучени и ракети кои можат да носат нуклеарни боеви глави.

На вежбите, како што се додава, се симулира конфликт со Алијансата предводена од Соединетите Држави.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во минатата недела за време на посетата на Естонија изјави дека Алијансата останува смирена и будна во врска со овие маневри.

Но, литванскиот министер за одбрана Раимундас Кароблис е помалку оптимистичен, наведувајќи дека вежбите би можело да предизвикаат случаен конфликт што Москва би го искористила за да стационира трупи во Белорусија.

„Главните грижи што ги имаме, се поврзани со недостатокот на транспарентност од руската и веројатно белоруската страна. Јасно е дека значително повеќе војници ќе учествуваат во вежбата „Запад“ од она што е известено“, изјави Кароблис.

Некои западни официјални претставници, меѓу нив и и командантот на американските сили во Европа генерал Бен Хоџис изразија загриежност дека Русија би можело да ги искористи менаврите како „Тројански коњ“ за да влезе во Полска и во балтичките земји.

Кремљ цврсто ги отфрли ваквите наводи, но НАТО е недоверлив со оглед на руската анексија на Крим во 2014 и на руската интервенција во Сирија една година потоа.

За време на руските вежби, и НАТО изведува неколку помали маневри, вклучувајќи ги и снајперските вежби во Литванија.

Во меѓувреме, во Шведска која не е членка на НАТО се одржуваат најголеми воени вежби во последниве 20 години.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG