Достапни линкови

Во очекување на нов сајбер напад


Голем сајбер напад во светот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00

Голем сајбер напад во светот

Минатонеделниот сајбер напад со помош на софтверот „ренсомвер“ врз илјадници компјутери во стотици земји, колку и да е незапамтен и застрашувачки, не ќе биде ништо во однос на она што би можело да се случи, предупредуваат стручњаците. Затоа тие препорачуваат компаниите да направат големи поправки.

Нападот со кој досега, како што соопшти Европската полициска служба Европол, биле погодени 200 илјади организации и компании во најмалку 150 земји би се проширил побрзо да не бил случајно запрен од млад истражувач во таа област со активирање на програмата за гасење на „лошиот софтвер“.

Се оценува дека тоа било најголем напад досега.

Покрената е истрага по одговорните за овој напад. Европол во неделата соопшти дека е прерано да се каже кој стои зад нападот и со каков мотив.

Нападот почнал на 12 мај по што била нарушена работата на болници, банки, продавници, училишта и владини агенции.

Главно настрадале постарите веризии на компјутерските оперативни системи на Мајкрософт во Соединетите Држави, Русија, Украина, Бразил, Шпанија, Индија, Британија.

Притоа биле погодени и фирмите како Федекс, Нисан, Дојче бан, како и стотици болници во Британија.

Станува збор за блокирање на компјутерите, а за повторен пристап се барало од жртвите да платат од 300 до 600 долари.

Претседателот на Мајкрософт Бред Смит вчера обелодени дека истражувачите заклучиле оти нападот бил развиен преку алатка направена од американската Агенција за национална безбедност која била објавена на интернет од хакерите во минатиот месец.

Јерн Мелер Куад, професор во Институтот за технологија во Карлсруе, Германија вели:

„Многу луѓе ја поврзуваат ИТ безбедноста со својот персонален компјутер. За жал, занемарувајќи го фактот дека се повеќе сме зависни од ИТ системите за снабдување со енергија и оти во иднина цели економии и цели земји би можело да бидат парализирани ако не дадат доволно внимание на ИТ безбедноста“, вели тој.

Експертите сепак додаваат дека главен проблем е тоа што поголемите организации и натаму работат со старите оперативни системи кои веќе немаат поддршка па затоа не ја добиваат потребната ажурирана безбедност.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG