Достапни линкови

Променливото време неповолно за здравјето


Болниците се полнат со пациенти
Болниците се полнат со пациенти

Променливото време негативно влијае врз здравјето на граѓаните. Здравствените амбуланти деновиве се полнат со пациенти.

Променливото време атакува врз здравјето, тетовските здравствени амбуланти денови се полнат со пациенти. Варијацијата на температурата на воздухот е карактеристика септемвриските денови, а со променливото време и наглите температурни осцилации, рака под рака одат здравствените проблеми на граѓаните. Актуелните временски услови влијаат како на здравите, така и на болните лица, вели д-р Беким Исмаили од Здравствениот дом во Тетово.
Јасно е дека кај децата и кај возрасните најмногу влијае, посебно кај оние коишто се хронично болни, а инаку влијае кај сите
д-р Беким Исмаили, Здравствен дом Тетово.

„Јасно е дека кај децата и кај возрасните најмногу влијае, посебно кај оние коишто се хронично болни, а инаку влијае кај сите.“

Спарнината и променливо време, разлика во температура преку ден и онаа во ноќните часови, се причина за зачестена појава на вирози, гастроинтестинални проблеми и сл. Маки имаат и оние со срцеви и заболувања на дишните патишта.

„Појава на вирози, на малаксаност, на нелагодност, губење на апетит, се појавуваат и тегоби со пролив и повраќање... тоа се тие најчести симптоми кои што се јавуваат кај целата популација.“
Да се внимава, да не се излегува без потреба кога сонцето е силно, да se консумираат повеќе течности, свежа храна, да се мие убаво храната, хроничните болни да ја земаат редовно терапијата
д-р Беким Исмаили, Здравствен дом Тетово.
Да ги менуваме временските услови не можеме, но во зачување и унапредување на здравствената состојба можеме многу да сториме, порачуваат лекарите.

„Како да си помогнеме? Да се внимава, да не се излегува без потреба кога сонцето е силно, да se консумираат повеќе течности, свежа храна, да се мие убаво храната, хроничните болни да ја земаат редовно терапијата. Тоа се препораките кои што им ги даваме на граѓаните, е сега колку ги почитуваат тоа е друга работа.“

Придржување кон принципите за правилна исхрана, одржување на соодветна телесна тежина, внес на витамини, минерали и доволно течности, како и одмор, но и рекреација е она што најмалку можеме да сториме за доброто здравје подолго да не служи.
XS
SM
MD
LG