Достапни линкови

Загадување на Шар Планина


Секојдневно на планинскиот бисер Шар Планина се фрла разновиден отпад, но за ваквиот прекршок надлежните многу малку казнуваат

Пример за ова се 2 поднесени прекршочни пријави според законот за јавна чистота во изминатите три месеци за лицата кои придонеле за уништување на оваа природна убавина. Најзагрозени се излетничките места кои водат кон тетовското Кале и Бањиче. Со оглед на големите количини смет кои се таму оставени, тетовци се сомневаат дека инспекцијата доволно ги казнува лицата кои ги уништуваат овие места.

„Многу смет има, треба да се одржува.“

„Не сум видела инспекција.“
Најлесно е да се открие доколку инспекцијата доаѓа често пати.

„Најлесно е да се открие доколку инспекцијата доаѓа често пати.“

Стручните лица бараат поголема ефикасност од надлежните, се со цел да спречи оваа појава. За решавање на овој проблем потребна е голема ангажираност на локалната власт но и нејзина соработка со невладините организации вели д-р Муртезан Исмаили, директор на институтот за животна средина при Универзитетот на Југоисточна Европа:

„За овој проблем ние сме укажувале неколку пати, сме се обидувале да ја подигнеме свеста како институција. Меѓутоа тешко е, тоа треба преку училиштата, преку граѓаните, општестовото, а нормално и инспекцијата треба да биде поактивна.“
За овој проблем ние сме укажувале неколку пати, сме се обидувале да ја подигнеме свеста како институција. Меѓутоа тешко е, тоа треба преку училиштата, преку граѓаните, општестовото, а нормално и инспекцијата треба да биде поактивна.

Инспекторите велат дека вршат редовни и вонредни контроли на овие места. За поднесените малку казни за фрлање на отпадот придонесуваат нерегистрираните возила од каде се фрла отпадот. Поради ваквата состојба не сме во можност да казнуваме. Би биле поефикасни кога во вакви случаи би ни помогнала полицијата, вели Неритан Ферати раководител на општинскиот инспекторат од Тетово:

„Неколку пати сме се обратиле до надлежните служби да бараат од сите моторни возила да имаат обележја, тогаш ќе биде многу полесно и за инспекторите.“

Од полициската станица од Тетово велат дека досега инспектратот нема побарано полициската интервенција поради загадување на природата на овие места. Од СВР Тетово изјавија дека и порано, но и во иднина ќе бидат отворени да соработуваат со инспекциските служби. Но дотогаш Шар Планина најверојатно нема да биде заштитена од никого.
XS
SM
MD
LG