Достапни линкови

Осовременување на жената Албанка


Преку образованието стереотипите се уриваат, а положбата на жената Албанка се повеќе се менува. Според експертите сепак сеуште постои нејзино дискриминирање во рамки на семејството.

Експанзијата на образование на жената Албанка и нејзината присутност на високи функции ја менува нејзината положба која таа некогаш ја имаше во семејството и во општеството. Таа веќе влијае во донесувањето одлуки, се изборила за правото на школување и вработување и со тоа веќе се зголемуваат тенденциите за осовременување на албанското семејство во Македонија. Така ако жената Албанка реши да се образува на високообразовните институции таа веќе е подготвена во иднина да работи, да го употребува своето знаење и да заработува, вели д-р Фатмире Лумани професор на Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово.

,,Знаеме дека жените не ги бараат правата на мажите, туку ги бараат своите права, да им се вратат. Иако легислативата во Македонија може да се каже дека е повеќе позитивна, со реалноста не се совпаѓа во многу свери, посебно во работењето на жената, бидејќи знаеме дека 25% од жените се вработени, додека мажите 40% што ја покажува дискриминацијата."
Знаеме дека жените не гиу бараат правата на мажите, туку ги бараат своите права, да им се вратат...

Според професорката Лумани, се уште постои дискриминирање на жената Албанка во семејството, но полека се надминуваат тие традиционални ограничувања кои владеат во кругот на албанските семејства.

,,И во семејствата има дискриминација, но веќе тоа зема позитивена насока, бидејќи многу работи почнаа да се менуваат кон позитивно, да се остварат некои права за жената Албанска, со тоа што веќе стекнуваат образование на сите нивоа."

Флора Кадриу, пратеничка во редовите на Нова Демократија, Ермира Мехмети - Деваја, портпаролка на ДУИ и пратеничка во собранието на РМ, Теута Арифи и Мируше Хоџа се само дел од успешните жени Албанки на политичката сцена во Македонија.


XS
SM
MD
LG