Достапни линкови

Нигерискиот претседател со апел за мир во земјата


Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан
Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан повика на мир и на национално единство по насилствата што избувнаа во северниот дел на земјата откако тој се декларира за победник на претседателските избори. Изборната комисија соопшти дека Џонатан, христијанин од јужниот, богат со нафта, регион на делтата на реката Нигер, добил 57 насто од гласовите со што го победил неговиот ривал од северот, поранешниот воен владетел, муслиманот Мухамаду Бухари. Меѓународните посматрачи оценија дека изборите биле фер, со извесни неправилности. Засега нема извештаи за бројот на жртвите во вчерaшните насилства.
XS
SM
MD
LG