Достапни линкови

Гласање за новиот Устав во Унгарија


Унгарскиот премиер Виктор Орбан
Унгарскиот парламент денеска го гласа новиот Устав. Партијата Фидеш на премиерот Виктор Орбан предложи промени со кои треба да се комплетира, како што велат, процесот на демократизација што започна во 1989 година со падот на комунизмот.

Новите предлози предвидуваат ограничување на надлежностите на највисокиот суд кога се работи за прашања поврзани со буџетот. Со промените се предвидува, претседателот да има можност да го распушти парламентот, ако пратениците не го донесат буџетот до април.

Опозицијата најави дека ќе го бојкотира гласањето. Тие велат дека за промените нема консензус и оти ќе ја „бетонираат“ моќта на владејачката парија и по завршувањето на мандатот.
XS
SM
MD
LG