Достапни линкови

Реакција на српската владеачка партија на штрајкот со глад на опозицијата


Томислав Николиќ штрајкува со глад
Српската владеачка Демократска партија соопшти дека опозицискиот лидер Томислав Николиќ, кој од вчера стапи во штрајк со глад за да ја принуди владата да закаже предвремени избори, прибегнал кон „методите на изнуда“, пренесе радио Б92. Во соопштението од власта се посочува дека Демократската партија никогаш „не користела штрајкови за да ја добие власта“ и дека такво нешто „не се случувало ниту во времето на диктатурата на Слободан Милошевиќ“. Штрајкот со глад на лидерот Српската напредна партија (СНП) Томислав Николиќ беше објавен на вчерашниот масовен митинг на опозицијата во Белград.
XS
SM
MD
LG