Достапни линкови

Шестмина милитанти убиени во Пакистан


илустрација: беспилотно летало
Шестмина пакистански милитанти биле убиени во напад на американско беспилотно летало во близина на границата со Авганистан, потврдија од пакистанската војска. Претставник на армијата, кој бара да остане анонимен, потврди рече дека од леталото биле испокани четири ракети. Нападот се случил во близина на градот Ангор Ада во југот на областа Вазиристан. Американските вооружени сили се уште немаат понудено дополнителни информации за нападот.
XS
SM
MD
LG