Достапни линкови

Медведев наскоро со одлука дали ќе оди на втор мандат


Дмитри Медведев
Рускиот претседател Дмитри Медведев изјави дека наскоро ќе реши дали ќе се кандидира на претседателските избори кои ќе бидат одржани во идната година. Во интервјуто за една кинеска телевизија пред посетата на таа земја, Медведев истакна дека руската економија треба да го напушти моделот на премиерот Владимир Путин, доколку сака да се промени. Она што било добро пред десет години, не е добро и денес, смета тој. Медведев и неговиот ментор Путин засега немаат соопштено кој ќе се кандидира на претстојните избори.
XS
SM
MD
LG