Достапни линкови

Вести

Белгија ќе депортира над две илјади косовари

Митровица - ромче на велосипед
Митровица - ромче на велосипед
Белгија планира да депортира над две илјади жители на Косово, кои побарале азил и кои се најбројната популација на азиланти на белгиска територија, што е препрека за почнување на процесот на укинување на визите за жителите на Косово.
Азилантите од Косово во Белгија минатата година беа најбројни, а зад нив се Ирачаните и Авганистанците, пишува приштинскиот весник „Коха диторе“.
Весникот наведува дека растечкиот број на оние кои заминуваат од Косово и бараат азил во земјите од Европската унија бил решавачки фактор за некои земји од Унијата да се изјаснат против почнувањето на каков било процес за укинување на визите за жителите на Косово.

види ги сите денешни вести

Полскиот министер за надворешни работи: Војници на НАТО во Украина „не е незамислива“ идеја

Министерот за надворешни работи на Полска Радослав Сикорски за време на неговата посета на Украина. Киев, 22 декември 2023 година.
Министерот за надворешни работи на Полска Радослав Сикорски за време на неговата посета на Украина. Киев, 22 декември 2023 година.

Полскиот министер за надворешни работи рече дека „не е незамисливо“ присуството на силите на НАТО во Украина и дека го цени францускиот претседател што не ја отфрлил таа идеја.

Шефот на полската дипломатија Радек Сикорски коментарот го даде на 8 март, за време на дискусијата во полскиот парламент.

Министерството за надворешни работи подоцна ги објави коментарите на Твитер на англиски јазик.

Минатиот месец францускиот претседател Емануел Макрон рече дека не може да се исклучи можноста за испраќање на западни трупи во Украина.

Француските власти подоцна се обидоа да ги разјаснат забелешките на Макрон и да ја намалат реакцијата, истовремено инсистирајќи на потребата да се испрати јасен сигнал до Русија дека не може да победи во војната во Украина.

Кремљ предупреди дека доколку НАТО испрати борбени трупи, директен конфликт меѓу алијансата и Русија би бил неизбежен.

Русија - Десетици украински дронови лансирани над руска територија

Илустративна фотографија - Украински војници летаат беспилотно летало Вампир (UAV) во близина на линијата на фронтот, среде рускиот напад врз Украина, во регионот Запорожје, Украина, 2 февруари 2024 година.
Илустративна фотографија - Украински војници летаат беспилотно летало Вампир (UAV) во близина на линијата на фронтот, среде рускиот напад врз Украина, во регионот Запорожје, Украина, 2 февруари 2024 година.

Руската војска соопшти дека Украина лансирала десетици беспилотни летала над западна и јужна Русија во текот на ноќта, предизвикувајќи минимална штета и жртви.

Министерството за одбрана на 9 март соопшти дека вкупно 47 беспилотни летала биле пресретнати или соборени.

Дроновите биле соборени над регионите Ростов, Курск, Белгород и Волгоград, наведе Министерството за одбрана на Русија.

Локалните власти соопштија дека еден работник за итна помош бил полесно повреден, најверојатно од паѓање на остатоци.

Пријавен е еден напад со беспилотни летала врз објект во Таганрог, каде што се одржуваат командни авиони за надзор А-50.

Украина не даде коментар за летовите на беспилотните летала, но објави дека соборила десетина руски беспилотни летала над централните украински региони.

Нема информации за жртви.

Српската опозиција потпиша договор за слободни избори во Белград

Потписници на Договорот за фер избори, Белград, 9 март 2024 година.
Потписници на Договорот за фер избори, Белград, 9 март 2024 година.

Претставници на опозициските коалиции „Србија против насилството“ (СПН) и НАДА на 9 март во Белград потпишаа Договор за слободни и фер избори.

Оваа иницијатива ја покрена граѓанската организација Проглас, која се залага за примена на демократските принципи во изборниот процес и излезност на што поголем број гласачи.

„Посебно се бара ревизија на избирачкиот список. Од јавниот медиумски сервис се бара целосно и вистинито да ги информира граѓаните за локалните и градските избори, како и да обезбеди сите учесници да бидат подеднакво застапени во програмата“, се вели меѓу другото во договорот потпишан од СПН и НАДА.

Драган Бјелогрлиќ, еден од основачите на Проглас, изјави дека дијалогот за изборните услови е единствениот начин.

Сите останати би биле опасност за Србија“, изјави Бјелогрлиќ.

Барањето на Прогласот е изборите во Белград да се одржат во временски рок што овозможува спроведување мерки за подобрување на условите за избори, врз основа на препораките на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Исто така, се бара преостанатите локални избори во општините и градовите каде што не беа одржани во декември да се одржат на ист ден со изборите во главниот град на Србија.

„Овој договор е можност Белград да стане слободна територија, а потоа и другите градови во Србија“, рече една од лидерите на СПН, Мариника Тепиќ.

Изборите во Белград ќе се повторат по два неуспешни обиди да се одржи конститутивна седница по гласањето на 17 декември. Одлуката ја донесе владејачката Српска напредна партија (СНС), чија листа го носи името на претседателот на државата, Александар Вучиќ, поради неможноста да се формира власт во главниот град бидејќи не освои мнозинство од вкупно 110 советници.

Александар Вучиќ, до неодамна претседател на СНС, на 9 март изјави дека изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај.

Еден од основачите на Проглас, Миодраг Јовановиќ, оцени дека Вучиќ манипулира со можните датуми за одржување на изборите во Белград и истакна дека тие би можеле да бидат на 2 јуни.

По парламентарните и локалните избори на 17 декември, демократската листа СПН, НАДА и набљудувачката мисија ЦРТА објавија заклучок дека власта систематски ги крадела изборите и побара нивно повторување и меѓународна истрага.

Тие изразија сомнеж дека најмногу незаконитости се случили во Белград со носење граѓани на Босна и Херцеговина и луѓе од места во Србија каде што не се одржаа избори на 17 декември да гласаат за владејачката СНС.

На 8 февруари, Европскиот парламент (ЕП) со резолуција побара меѓународна истрага за нерегуларностите на декемвриските избори и суспендирање на финансиите на Европската унија (ЕУ) за Србија во случај да се докаже дека властите извршиле изборна измама.

Локалните избори во декември се одржаа во Србија во 65 градови и општини, вклучувајќи го и Белград.

ТИРЗ го раскина договорот за изградба на фабрика за електрични автомобили „е.ГО“ во Тетово

Државниот врв на Македонија го промовира проектот за отворање на нова фабрика за производство на електрични автомобили во Тетово..
Државниот врв на Македонија го промовира проектот за отворање на нова фабрика за производство на електрични автомобили во Тетово..

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) го запира договорот со германската компанија „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ која најви инвестиција во изградба на микро фабрика за електричните автомобили „е.ГО.“ во економската зона во Тетово, а во која се велеше дека се очекува да бидат отворени 900 нови работни места.

Како што соопштуваат од ТИРЗ, извршувањето на Договорот за доделување на државна помош се запира поради несолвентност на компанијата „мајка“, како и секоја постапка предвидена за доделување на јавни средства.

„Запирањето на доделувањето на државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата „мајка“ во СР Германија. Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош“, велат од Дирекцијата за ТИРЗ.

Оттаму наведуваат дека и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата.

Инвеститорите и македонскиот владин врв на 13 август 2022 година ја промовираа инвестицијата. Најавено беше дека државната помош за проектот ќе изнесува 35 отсто од вкупната инвестиција од 130 милиони евра.

Македонските политичари проектот го најавија како голема германска инвестиција. Државниот врв предводен од тогашниот премиер Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски најавија „нова ера во стратешките инвестиции на Владата“ велејќи дека за прв пат во Македонија ќе се произведуваат електрични автомобили.

Фирмата „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, со која Владата го потпиша Договорот за државна помош за изградба на микро фабрика, преку своите комуникациски канали се претставуваше како компанија со амбиции слични на гигантите во автомобилската индустрија, со оглед дека освен во Македонија, велеше дека планира потенцијални фабрики во Бугарија, Грција, Мексико, Кина, Индија, Бразил и Тајланд.

Компанијата во 2018 година за прв пат започна да ја произведува својата палета електрични автомобили „e.GO Life“ во својата фабрика во индустрискиот парк Ахен Роте Ерде. Таа во Германија го промовираше својот автомобил како поевтин за разлика од конкурентните електрични автомобили во неговата класа.

За германската фирма, уште во време кога владиниот врв го најавуваше проектот во Тетово, беа објавувани информации, меѓу кои и на германски портали, дека во Германија била отворена стечајна постапка, односно дека Окружниот суд во Ахен отворил процес за неликвидност на фирмата.

Шест луѓе исчезнаа во бродолом во Јужна Кореја

Илустративна фотографија - крајбрежна стража во Јужна Кореја.
Илустративна фотографија - крајбрежна стража во Јужна Кореја.

Шест лица се водат како исчезнати откако се преврте рибарски брод кај Тонѓеонг, Јужна Кореја, соопштија локалните власти.

Новинската агенција Јонхап објави дека на бродот, кој пловел на 68 километри од брегот на југот на земјата, имало девет членови на екипажот, меѓу кои седум Индонезијци.

Јужнокорејската крајбрежна стража соопшти дека тројца членови на екипажот се спасени и сите биле во несвесна состојба.

Властите трагаат по уште шест исчезнати.

Претседателот Џун Сук Џеол нареди целиот расположлив персонал и опрема, вклучително и морнарицата и рибарските чамци, да се мобилизираат во потрагата.

Десетмина загинати во поплави во Индонезија

Илустративна фотографија - Индонезија.
Илустративна фотографија - Индонезија.

Десет лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето на островот Суматра во Индонезија, соопштија локалните власти.

Во извештаите се наведува дека десет лица се водат како исчезнати.

Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во провинцијата Западна Суматра.

Поради тоа околу 46.000 луѓе од провинцијата мораа да одат во привремени засолништа.

Властите соопштија дека 14 куќи биле затрупани во лизгање на земјиштето.

Властите рекоа дека повеќе од 20.000 куќи биле поплавени, а осум мостови се урнале.

Вучиќ - Србија го извезува сето оружје што може да стигне да го произведе

Српскиот претседател Александар Вучиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ.

Србија го извезува за продажба сето оружје што може да стигне да го произведе, изјави шефот на државата Александар Вучиќ.

Како што пренесува Фонет, тој рекол дека интересот е толку голем што Србија би можела да продаде се што ќе направи за 30 години со само еден договор.

„Трката во вооружување започна кога светот сфати дека рускиот претседател Владимир Путин нема лесно да биде поразен. Затоа сите се вооружуваат пет пати побрзо“, рече Вучиќ на 9 март за време на посетата на Воено-техничкиот институт (ВТИ) во Белград.

Зборувајќи за домашното производство, Вучиќ на изложбата на воената опрема рече дека во наредниот период целта е да се произведат 5.000 беспилотни летала камикази „комарци“ развиени од експерти на ВТИ. Тој додаде дека планот е до септември да се пушти во употреба извидувачкото беспилотно летало „Врабец“.

По почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, Вучиќ постојано најавуваше дека Србија не извезува оружје во Киев и Москва. Веднаш по избувнувањето на војната меѓу Русија и Украина, Белград воведе мораториум за одржување воени вежби со странски партнери.

Државниот секретар на Министерството за одбрана на Србија, Немања Старовиќ, на 9 март изјави дека Србија во последните две години имала значителна воена соработка со членките на НАТО алијансата.

„Со оглед на новосоздадените околности, соработката на Србија со Русија не е значително развиена од почетокот на војната во Украина“, изјави Старовиќ за Гласот на Америка.

До војната во Украина, српските вооружени сили имаа вежби во земјата и во странство со армиите на поранешниот источен блок, Русија и Белорусија, како и вооружените сили на Западот, Соединетите Американски Држави и други припадници на Северноатлантска алијанса.

Од 2006 година Србија е членка на програмата Партнерство за мир, што се смета за прв чекор кон членство во НАТО алијансата. Во 2007 година, официјален Белград ја прогласи Србија за воено неутрална.

Пет лица во Газа загинале од пакети со хуманитарна помош фрлени од авиони

Испорака на пакети со хуманитарна помош од воздух во градот Газа, 1 март 2024 година.
Испорака на пакети со хуманитарна помош од воздух во градот Газа, 1 март 2024 година.

Најмалку пет лица загинаа, а десет се повредени откако врз нив паднале пакети хуманитарна помош фрали од авиони во кампот Ал Шати, западно од градот Газа.

На пакетите не се отвориле падобраните и паднале врз луѓето кои ги чекале.

Некои од повредените се во тешка состојба.

Хуманитарна помош во Газа фрлија САД, Јордан, Египет, Франција, Холандија и Белгија, но, како што пишува Си-Ен-Ен, се уште не се знае чии пакети ги убиле луѓето.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека овој викенд би можел да биде отворен поморски хуманитарен коридор меѓу Кипар и Газа, како дел од забрзаните напори на Западот за олеснување на хуманитарната криза на палестинската територија разурната од војна.

„Сега сме многу блиску до отворање на коридорот, се надевам оваа сабота, оваа недела“, рече Фон дер Лејен, кој е во посета на Кипар.

„Го лансираме овој кипарски поморски коридор заедно, Европската унија, Обединетите Арапски Емирати и Соединетите Држави“, рече таа.

Мисијата за помош е заеднички напор на Европската комисија, Германија, Грција, Италија, Холандија, Кипар, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и САД.

Тие во заедничка изјава најавија дека ќе обезбедат испорака на значителна количина хуманитарна помош за жителите на Газа.

Вашингтон најави дека специјалната американска воена мисија, во координација со хуманитарните партнери и други земји, ќе формира привремено пристаниште во Газа. Тоа ќе биде спроведено во тесна координација со израелската влада, се посочува во заедничката изјава.

„Доставувањето хуманитарна помош директно во Газа по море ќе биде сложено, а нашите нации ќе продолжат да ги оценуваат и прилагодуваат нашите напори за да се обезбеди најефективна испорака на помош. Овој поморски коридор може и мора да биде дел од тековните напори за зголемување на протокот хуманитарна помош и комерцијални стоки за Газа преку сите можни рути“, се вели во заедничката изјава.

МВР - Лични карти ќе се издаваат во полициски станици во Скопје

Илустративна фотографија.
Илустративна фотографија.

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека ќе почне со нов начин на издавање лични карти за жителите на Скопје, поради недоволна ефикасност со доставувањето на личните карти на домашна адреса.

Процесот ќе започна од понеделник на 11 март во просториите на месно надлежните полициските станици, според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта.

„Секој граѓанин ќе може да пристапи во кој било период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта“, наведуваат од МВР.

Од МВР велат дека знализа на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на Град Скопје довела до заклучок дека е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна и дека го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои биле задолжени за достава.

Промената на личните и патни исправи е обврска од Преспанскиот договор кој Македонија го потпиша со Грција на 17 јуни 2018 година.

Иако роковите од Договорот почнаа со промената на Уставот во февруари 2019 година, Северна Македонија не почна навреме да издава лични документи со новото име, па и граѓани кои вадеа лични документи во 2021 година, повторно ги добиваа со старото име Република Македонија.

Пронајдена статуата на Брус Ли која беше украдена во Мостар

Местото каде што беше статуата на Брус Ли, Мостар, март 2024 година.
Местото каде што беше статуата на Брус Ли, Мостар, март 2024 година.

Полицијата во Мостар ја пронајде оштетена статуа на Брус Ли која пред седум дена била украдена од паркот Зрињевац.

Лицето со иницијали Д.П.(1978) е уапсено под сомнение дека во периодот од 2 до 3 март ја украл статуата на мајсторот за боречки вештини и познат актер од минатиот век, соопшти на 9 март мостарската полиција.

Известено е дека Одделот за криминалистичка полиција извршила опсежна истрага.

„Статуата на Брус Ли беше украдена од паркот Зрињевац, што предизвика јавна загриженост и осуда од целиот регион. Кривичната истрага беше комплицирана, особено што паркот нема видео надзор“, изјавија од Управата на полицијата во Мостар.

Споменикот на Брус Ли, уметничко дело на хрватскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, беше поставен во паркот Зрињевац во ноември 2005 година.

Првата ноќ по поставувањето на статуата, исчезнаа нунчаките, популарното оружје на Ли.

Споменикот постојано беше цел на вандали и беше отстранет за реставрација.

Во паркот Зрињевац е вратен во 2013 година.

Поставувањето споменик на Брус Ли беше идеја на луѓето собрани околу „Урбаното движење Мостар“ кои сакаа да испратат порака за универзална правда за која се бореше овој филмски лик, како што се толкуваше.

По завршувањето на истрагата за осомничениот, полицијата ќе поднесе пријава до Обвинителството на Херцеговско-неретванскиот кантон за понатамошно постапување.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG