Достапни линкови

Јапонската нуклеарна катастрофа рангирана како Чернобил


Јапонски полицајци во заштитни одела
Јапонската агенција за нуклеарна заштита го вклучи алармот за безбедност од нуклеарната криза на највисоско ниво, односно на 7 ниво што е ист степен како катастрофата од 1986 година во Чернобил. До сега јапонската катастрофа беше класифицирана на 5-тото ниво на меѓународното скалило, две нивоа подоле од сега.Највисокиот степен значи дека постојат последици по околината и здравјето на луѓето во пошироки размери.Оштетениот реакторот во Фукушима испушти големо количество радиоактивен материјал, по земјотресот што ја погоди Јапонија на 11 март со јалина од 9 степени по Рихтеровата скала и последователнотото цунами.Јапонија денеска инаку повторно беше потресена од земјотрес со сила од 6,3 степени, откако и вчера имаше нов потрес на земјата.
XS
SM
MD
LG