Достапни линкови

Бунтовниците повторно побараа Гадафи да се повлече


Муамар Гадафи
Либијските бунтовници ќе го земат предвид предлогот на Африканската унија за прекин на огнот но повторија дека сакаат оставка од лидерот Муамар Гадафи. Претставници на унијата би требало да се сретнат со анти-владините демонстранти во градот Бенгази, откако разговараа со Гадафи. Немирите во африканската земја траат неколку недели. Претседателот на Африканската унија Јакоб Зума рече дека Гадафи прифатил предлози за прекин на конфликтот. Лидерот на земјата претходно ги одбиваше барањата на бунтовниците и не отстапи од лидерската функција која ја извршува четири децении.
XS
SM
MD
LG