Достапни линкови

Уапсен бомбаш во Јордан при обид за напад на штабот на опозицијата


Лидерот на Муслиманско братство Хамам Саед на прес - конференција
Полицијата во Јордан соопшти дека уапсила човек кој сакал да детонира бомба во штабот на организацијата Муслиманско братство во Аман. Медиумите пренесуваат изјава на полициски службеник кој потврдил дека бил приведен човек кој носел појас со екслозиви. Муслиманското братство е најголемата опозициска партија во Јордан. Од власта ја потврдија информацијата за инцидентот и појаснија дека напаѓачот сакал да го разнесе штабот на партијата која, според уапсениот, работела против Кралот.
XS
SM
MD
LG