Достапни линкови

Вељаноски на Конференција на претседатели на парламенти во Брисел


Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски
Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски денеска и утре ќе учествува на дводневната Конференција на претседатели на парламенти од Европската унија во Брисел. На Конференцијата, како што е соопштено, учество ќе земат 32 делегации, а ќе се дебатира за парламентарната контрола врз заедничките надворешни и безбедносни политики, за мислењето на јавноста и медиумите, како и за улогата на парламентите во контролата на европската сфера на слобода, безбедност и правда. Вториот дел од Конференцијата ќе биде фокусиран врз последиците од светската економска криза и на начините за справување со нив.
XS
SM
MD
LG