Достапни линкови

САД се повлекуваат од акциите во Либија


Шефот на Генерлштабот на САД адмирал Мајк Мулен
Соединетите држави до сабота ќе ги повлечат американските борбени авиони од воздушните операции во Либија со кои сега раководи НАТО. Ова го изјавија американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс и шефот на Генерлштабот Мајк Мулен пред воените кометите на Претставничкиот дом и на Сенатот. Тие, се спротивставија на идејата Соединетите држави да ги вооружуваат и да ги обучуваат либиските бунтовници во борбите против силите на либискиот лидер Моамер Гадафи. Според нив, тоа треба да го сторат арапските и другите земји.
XS
SM
MD
LG