Достапни линкови

Годината што измина низ објективот на фоторепортерката Фросина Насковиќ

На терен, меѓу граѓаните, на местото на настанот. Од прес-конференции до протести, од концерти до избори... Фоторепортерите се хроничари на времето што поминува, некогаш се сведоци на на весели моменти, некогаш на тажни, а некогаш на многу важни, историски, вели фоторепортерката Фросина Насковиќ. Фросина повеќе од десет години работи во државната Медиумска информативна агенција. До сега стотици нејзини фотографии се нашле во голем број медиуми во Македонија. Само изминатава година има објавено околу 200 галерии. Речиси и да нема настан во Македонија на кој професионално не присуствувала, а не ретко е со фотоапаратот и „приватно“, за секој случај, да не излезе некој „фото момент“.

А како изгледа годината што измина низ нејзиниот објектив? Фросина вели нема правило за текот на работниот ден на еден фоторепортер. „Секој ден ја работиш истата работа, ама ни еден ден не е ист како другите. Стануваш, одиш на работа, и не знаеш што ќе ти донесе денот. Истата работа, ама не е иста работата. Можеби и затоа сум заљубена во оваа професија, секој ден е интересен и различен од другите. И тоа, и моите прекрасни колеги фоторепортери, од кои добивам помош, поддршка и супер дружба“,вели таа.

2022 година беше година со многу настани, и убави и несакани,. Силен печат оставија сите случувања поврзани со пандемијата, протестите против францускиот предлог, посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Скопје, економската криза, скопскиот сообраќаен хаос... За тие настани оставаме „да зборуваат“ нејзините фотографии...


Вчитај повеќе

Категории

XS
SM
MD
LG