Настаните на денот низ фотографии - 15 декември 2022
Струја и политика

1
ГЕРМАНИЈА - Германија даде зелено светло за купување на речиси триесетина борбени авиони Ф-35 од американско производство како дел од воената обнова поттикната од руската инвазија врз Украина. Буџетската комисија на германскиот парламент одобри осум проекти во вкупна вредност од 13 милијарди евра, вклучително и купување на борбени авиони Ф-35 од 10 милијарди евра.

2
СЛОВАЧКА - Словачките парламентарци вечерва и изгласаа недоверба на коалициската влада на премиерот Едуард Хегер, што може да доведе до предвремени избори во земјата. За смена на малцинската влада, која се состоеше од три партии, гласаа 78 од 150 парламентарци, односно двајца повеќе од потребното.

3
ЕУ / БИХ - Шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската унија (ЕУ) на денешниот состанок го потврдија кандидатскиот статус за Босна и Херцеговина.
„Европскиот совет ги поддржува заклучоците на Советот од 13 декември 2022 година за процесот на проширување и стабилизација и асоцијација и се согласува на Босна и Херцеговина да и се додели статус на земја кандидат“, се вели во заклучоците усвоени од лидерите на ЕУ.

4
МАКЕДОНИЈА - Сите денешни пријави за наводно поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово се лажни, информираа од Министерството за внатрешни работи.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, се вели во соопштението од МВР.