Настаните на денот низ фотографии - 22 ноември 2021
Туѓо не сакаме, своето не го даваме...

1
СРБИЈА - Денеска во Макишко поле во Белград започна изградбата на депо за идното метро. На местото на изградбата се собраа екологисти и лидери на неколку опозициски партии, кои се противат на планот за изградба на метро во Белград, оти на тоа место е најголемиот извор на вода во Белград.

2
МАКЕДОНИЈА - Ако здравствените работници се промотори на невакцинирањето, ако не веруваат во науката и медицината, тогаш не би требало да бидат дел од здравството, изјави денеска проф. д-р Александра Грозданова од УКИМ и национална координаторка за имунизација.

3
МАКЕДОНИЈА - Основниот суд Скопје 1 го одби како неоснован предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за обвинетиот Миле Јанакиески поврзан со настаните од 27ми април. според Кривичниот совет во судот во новиот предлог на Обвинителството не биле понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки.

4
МАКЕДОНИЈА - Во железничка сообраќајна несреќа во Битола тешко повредени се две деца, а нивната мајка која управувала со автомобилот што се судрил со локомотива се здобила со лесни телесни повреди.