Настаните на денот низ фотографии - 10 август 2021
Политика и солзи, куран и интернет

1
ШПАНИЈА - Лионел Меси се согласи да се приклучи на францускиот клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ), по неговото ненадејно заминување од Барселона, потврди денеска неговиот татко. Меси не можеше да ги сокрие солзите поради разделбата со Барселона.

2
БиХ - Пензионираниот генерал на војската на босанските Срби, Миломир Савчиќ исчезна откако Судот на Босна и Херцеговина вчера одреди притвор поради кршење на претходно изречените мерки за негирање на геноцидот во Сребреница. Распишана е потерница.

3
МАКЕДОНИЈА - Поради зголемениот интерес за вакцинација од утре се отвораат четири дополнителни пункта за имунизација против ковид-19 во Скопје во поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров, информира Министерството за здравство (МЗ).

4
МАКЕДОНИЈА - Пожарникар од австрискиот камп стациониран кај Пехчево утрово се повредил и во моментов се наоѓа на скопска клиника каде му се укажува помош.