Настаните на денот низ фотографии - 6 април 2021
Двојници и циклони

1
КОСОВО - Новата претседателка на Косово, Вјоса Османи, денеска официјално ја презеде должноста од досегашниот вршител на должноста на таа функција, претседателот на косовското Собрание, Глаук Коњуфца.

2
РУСИЈА - Полицијата ја уапсила шефицата на Рускиот Сојуз на лекари, Ана Василјева пред затворот, кога таа побарала дозвола да го прегледа опозицискиот политичар Алексеј Навални откако тој беше пренесен во болничко одделение со силна кашлица и треска, пишува Радио слободна Европа на англиски јазик.

3
ТУРЦИЈА / ЕУ - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изразија длабока загриженост за состојбата со човековите права во Турција, по првиот состанок после една година со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

4
БУГАРИЈА - Владејачката коалиција ГЕРБ-СДС предводена од премиерот на Бугарија Бојко Борисов доби 26,18% од гласовите, партијата на шоуменот и ТВ водител Слави Трифонов - Има таков народ 17,66% од гласовите, јави дописникот на МИА од Софија, по преброени 100% од гласачките ливчиња.