Настаните на денот низ фотографии - 26 февруари 2021
Од Шутка до Мјанмар

1
ФРАНЦИЈА - Францускиот претседател, Емануел Макрон, на прес конференцијата во Елисејската палата по самитот на Европската унија (ЕУ), синоќа истакна дека Европа треба да го преземе својот дел во меѓународната солидарност во борбата против светската пандемија и да биде солидарна со Балканот и Африка во борбата против ковид-19, јави МИА.

2
ТУРЦИЈА - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција се спротивставува на секакви обиди за државен удар во врска со обидот за промена на власта во Ерменија и соборување на премиерот Никола Пашинјан, објави Сабах.

3
МАКЕДОНИЈА - Од неговиот дом во скопската населба Водно поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков со полициска придружба е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари, потврдија од полицијата за МИА. Тој денеска беше осуден на 12 години затвор во предметот за масовното незаконско прислушување Таргет-Тврдина.

4
САД - Американскиот претседател Џо Бајден рече дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ја поддржуваат Украина против руската агресија и дека никогаш нема да ја признаат анексијата на Крим.