Настаните на денот низ фотографии - 15 февруари 2021
Од хакери до вакцини

1
САД - Хакерската кампања, за која американските разузнавачки служби велат дека најверојатно е поддржана од Русија, е веројатно најголемиот и најсофистициран напад што некогаш го видел светот, изјави претседателот на Мајкрософт, Бред Смит, пишува Радио Слободна Европа на англиски јазик.

2
МАКЕДОНИЈА - Ги охрабруваме Северна Македонија и Бугарија во иднина заеднички да работат на широко позитивно поставување на агенда, која ќе покаже дека соработуваат, а тоа ќе биде најдобриот начин да се направи чекор напред кон одржување на првата конференција за пристапување кон Европската унија (ЕУ), изјави денеска германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн, на прес-конференција со премиерот Зоран Заев. Заев најави дека следната недела ќе се има средба на министрите Бујар Османи и Екатерина Захариева, на која треба да се договори одржувањето на Втората меѓувладина конференција, која уште лани требаше да ја организира Македониј и дека на конференцијата е предвидено да се усвои заедничкиот Акцискиот план.

3
СЛОВЕНИЈА - Словенечкиот премиер Јанез Јанша го нарече деструктивна фарса обидот на опозицијата да ја собори неговата влада и да формира нова, на чие чело ќе биде Карл Ерјавец, лидер на Демократската партија на пензионерите (ДЕСУС).

4
АВГАНИСТАН / БЕЛГИЈА - НАТО ќе го напушти Авганистан кога ќе дојде време, без опасност од ослабување на постигнатиот напредок, изјави денеска во Брисел генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.