Настаните на денот низ фотографии - 4 февруари 2021
Од Свети Спас до Јужна Африка

1
РУСИЈА - Кремљ денеска изјави дека илјадниците апсења на протестите против казната-затвор на опозицискиот лидер Алексеј Навални се неопходен одговор на неовластените митинзи и дека силно ги отфрла критиките на Западот.

2
МАКЕДОНИЈА - И покрај повикот и од премиерот, и од мојот повик дека ќе преземеме и други конкретнио чекори против платформата Телеграм доколку не реагира, се избриша оваа група Јавна соба, но се уште нема никаква комуникација од страна на Телеграм, и тоа е потешкотија во изведувањето на доказите и за полицијата и за ЈО, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

3
МАКЕДОНИЈА - Покрај пријава за организаторот на последниот протест на роднините и поддржувачите на обвинетите во случајот Монструм, за непочитување на протоколите и мерките за заштита од ковид-19, ќе има и кривични пријави за лица кои уништувале државен имот, приватни објекти и возила на полицијата, како и напади на службени лица информираше денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

4
МАКЕДОНИЈА - Министерот за здравство Венко Филипче уверува дека во февруари ќе започне вакцинацијата против ковид-19 и дека за кратко време ќе бидат покриени сите критични категории. Тој негира дека властите потфрлиле во набавката на вакцини и додаде дека Македонија го имала еден од најподготвените системи.