Настаните на денот низ фотографии - 3 февруари 2021
Од Скопје до Вухан

1
СЛОВЕНИЈА - Во Словенија на крајот на јануари биле регистрирани вкупно 91.499 невработени лица, што е за 4,8 проценти повеќе од декември и за 14,6 отсто повеќе во споредба со јануари 2020 година, покажуваат податоците на словенечкиот Завод за статистика.

2
САД / РУСИЈА / БЕЛГИЈА - НАТО го поздрави и го поддржа продолжувањето на договорот за контрола на нуклераното оружје NEW START, за уште пет години, соопштија од седиштето на Алијанската во Брисел.

3
МАКЕДОНИЈА - ВМРО-ДПМНЕ до Државната изборна комисија(ДИК) достави Иницијативата со која бараат укинување на Законот за попис, а Иницијативата ќе биде доставена и до Собранието. Опозициската партија предлага пописот да се одложи за пролета 2022 година. Засега е предвидено попис да има во април годинава.

4
МАКЕДОНИЈА - Под мотото Јавна соба е кривично дело! денеска во Скопје се одржа протестен марш за поддршка на жртвите од групата Јавна соба и за целосно расчистување на случајот и казнување на одговорните за злоупотреба на лични податоци и фотографии од девојки во оваа интернет група на платформата Телеграм.