Настаните на денот низ фотографии - 2 февруари 2021
Заев, Мицкоски, Ердоган, Навални...

1
АВГАНИСТАН - Во серија експлозии, предизвикани од т.н. лепливи бомби, прикачени на автомобили, убија најмалку две лица денеска во авганистанскиот главен град Кабул, вклучително и истакнат свештеник кој раководеше со исламска непрофитна организација, соопштија официјални лица.

2
МАКЕДОНИЈА - Претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, денеска на редовен брифинт со медиумите и невладините организации, информираше за учинокот на Судот за минатата година. Џолев кажа дека лани биле решени над 44 илјади предмети.

3
ФРАНЦИЈА / БУГАРИЈА - Европскиот суд за човекови права од Стразбур, во пресудата донесена во врска со наводите за сексуална злоупотреба на три деца во дом за деца во Бугарија пред нивното усвојување од италијанска брачна двојка во 2012 година, оцени дека Бугарија не спровела ефективна истрага, јави МИА.

4
РУСИЈА - Кремљ ги обвини западните дипломати дека се обидуваат да влијаат на судот во Москва, кој денеска одлучуваше дали ќе ја претвори условната казна во затвор за опозицискиот политичар Алексеј Налвални. На крајот на сослушувањето Судот во Москва му одреди на Навални да мине во затвор 2 години и 8 месеци, откако го прогласи за виновен за кршење на неговата условна казна.