Настаните на денот низ фотографии - 28 јануари 2021
Приведени, предупредени, протерани...

5
МАКЕДОНИЈА - Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, се очекува да се појави како сведок на едно од следните рочиштата за предметот Организатори на 27 април, иако адвокатите на одбраната најавија повлекување на дел од нивните сведоци. Следните рочишта се закажани за наредната недела.

6
ШВАЈЦАРИЈА - Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) денеска ги повика европските земји да почнат истрага и да го запрат протерувањето и присилното враќање на бегалците и барателите на азил на морските и копнените граници, што во последно време станаа се позачестено, се наведува во соопштението на организација.

7
САД - Сопружниците Бил и Мелинда Гејтс денеска објавија дека нивната компанија досега инвестирала 1,75 милијарди американски долари во борбата против Ковид-19. Најголем дел од тоа финансирање е насочено кон производство и набавка на критични медицински материјали.

8
ГРЦИЈА / БУГАРИЈА / МАКЕДОНИЈА - Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, изјави дека Грција, како земја која одржува пријателски односи со Бугарија и Македонија, ќе се обиде на секој можен начин да го олесни решавањето на разликите меѓу Скопје и Софија, јави МИА од Атина.