Настаните на денот низ фотографии - 28 јануари 2021
Приведени, предупредени, протерани...

1
МАКЕДОНИЈА - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информираше дека се приведени вкупно 4 лица поврзани со случајот Јавна соба. Две лица се од Битола, еден од Велес и еден од Штип, кои како што наведе министерот, се директни учесници во групата на Телеграм. Акцијата продолжува, најави министерот.

2
МАКЕДОНИЈА - Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека ќе се набави најсофистицирана терапија на антитела за ковид пациенти со коктел од casirivimab и imdevimab.

3
РУСИЈА - Руски суд ја отфрли жалбата на лидерот на опозицијата Алексеј Навални против неговото апсење, откако властите ја засилија кампањата против критичарот на Кремљ со нови притвори на неговите соработници и предупредувања од полицијата дека ќе дејствува против демонстрантите кои се очекува да излезат на улица овој викенд за поддршка на 44-годишниот адвокат.

4
САД - Aмериканскиот Стејт департмент за Радио Слободна Европа соопшти дека новата американска администрација целосно го поддржува бриселскиот дијалог меѓу Косово и Србија чија цел е сеопфатен договор за нормализација, што ќе доведе до меѓусебно признавање. САД, како што велат официјални лица од Стејт Департментот, и натаму ќе ги поддржуваат двете земји во изнаоѓање на решение.