Настаните на денот низ фотографии - 19 јануари 2021
Проштално, празнично, пандемиско...

1
САД - Првата дама на САД, Меланија Трамп, која на 20 јануари ја напушта Белата куќа заедно со сопругот Доналд Трамп, кога му истекува претседателскиот мандат, со порака ѝ се обрати на американската нација. Во видео пораката, што синоќа беше објавена на веб-страницата на Белата куќа, таа вели дека најголемата чест во нејзиниот живот е што била прва дама на САД.

2
СРБИЈА / КОСОВО - Српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека најавата на кандидатот за претседател на Косово, Рамуш Харадинај, за можното обединување на Косово со Албанија претставува закана не само за Србија, туку и за регионот, Европа и целиот свет. Вучиќ кажа дека би сакал да слушне некои реакции од Брисел или Вашингтон. Харадинај на тоа одговори: Не се плашете господине Вучиќ. Нема потреба и да се нервирате. Косово го бара само тоа што му припаѓа. Доколку вие и останатите сакате да спречите референдум за обединување на Косово со Албанија во 2025 година, има еден многу едноставен начин: Србија да го признае Косово како независна држава.

3
ЦРНА ГОРА - Во неколку градови во Црна Гора верниците од српската православна црква пливаа во потрага по по Светиот Богојавленски крст кој се фрла во водите по повод празникот Водици или Богојавление. Ова се случува и покрај тоа што во Црна Гора на сила се мерките за забрана за групирање на граѓани.

4
ИРАН - Иранскиот суд осуди американско-ирански бизнисмен кој беше обвинет за шпионажа, објавија денеска американските медиуми. Ова се случува во период кога односите меѓу двете земји се соочуваат со големи тендии.