Настаните на денот низ фотографии - 18 јануари 2020.
Мерки, прислушување, набавна цена...

1
МАКЕДОНИЈА - За време на Водици, полицијата ќе има зголемена активност и има изготвено посебни планови за спречување на собири како мерка против ширењето на коронавирусот, информираше на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

2
МАКЕДОНИЈА - Јас никогаш не сум имал ниту техничка можност ниту привилегија да можам да дадам или да издадам наредба за следење на комуникација во системот за следење во УБК, рече денеска поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, сведочејќи во случајот Таргет - Тврдина.

3
БЕЛГИЈА - Европската унија го осудува притворањето на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални по неговото враќање во Москва на 17 јануари и повика на итно ослободување.

4
РУСИЈА - Русија протера двајца холандски дипломати по протерувањето за шпионажа на двајца руски дипломати од Хаг минатиот месец. Москва соопшти дека водејќи се од принципот на реципроцитет, холандскиот вршител на должноста амбасадор, Јоуст Реинтјес, бил повикан на состанок каде бил информиран за одлуката за протерување на двајцата дипломати.