Настаните на денот низ фотографии - 15 јануари 2021
Вооружени демонстранти, иноагенти, маскирани...

1
РУСИЈА - Русија вели дека ја започнува постапката за повлекување од меѓународниот Договор за отворено небо, откако САД минатата година го напуштија договорот што дозволува невооружени летови за надзор на воздухот над десетици земји учеснички.

2
АВГАНИСТАН - Најмалку десет припадници на авганистанските безбедносни сили се убиени кога талибанците нападнале контролен пункт во северната авганистанска провинција Кундуз, соопштија денеска авганистанските власти, јави германската новинска агенција ДПА.

3
МАКЕДОНИЈА - Министерството за внатрешни работи (МВР) работи на расчистување на случајот со палењето на знаметото на Бугарија во Вевчани, изјави денескапортпаролот на Министерството, Тони Ангеловски, на прес-конференција во Штип. Поради палењето на знамето, Софија испрати остар демарш до Скопје, а властите во Македонија го осудија палењето на знамето.

4
СЕВЕРНА КОРЕЈА - Северна Кореја на вчерашната воена парада прикажа како што се чини нова балистичка ракета со подморница (SLBM), неколку дена пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, која е закажана за 20 јануари. Фотографиите на државните медиуми покажуваат дека лидерот Ким Јонг Ун се смее и мавта додека го надгледуваше настанот на плоштадот Ким Ил Сунг во Пјонгјанг.