Настаните на денот низ фотографии - 11 јануари 2021.
Импичмент, инспектор, имунизиран...

1
ГЕРМАНИЈА - Бионтек (BioNTch), која е партнер на компанијата Фајзер во производството на вакцина против Ковид-19, ја зголеми целта да испорача две милијарди дози во 2021 година, за разлика од претходната проценка од 1,3 милијарди дози, бидејќи ќе воведе нова производствена линија, пренесува Ројтерс.

2
МАКЕДОНИЈА - Членовите на Владата и нивите советници ќе подлежат на тест за проверка на интегритетот, најави денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. Тој најави дека ќе има и уредби со кои ќе се ограничи користењето на службените картички, возила и останатиот имот со кој располагаат функционерите.

3
САД - Демократите од Претставничкиот дом на САД денеска ја започнаа постапката за импичмент на претседателот Доналд Трамп по втор пат, доколку потпретседателот Мајк Пенс и кабинетот не го отстранат од функцијата.

4
МАКЕДОНИЈА - Не постои анекс со 12 точки на Договорот за добрососедство и пријателство, за кој зборуваше бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, вели министрерот за надворешни работи Бујар Османи.