Настаните на денот низ фотографии - 28 декември 2020.
Вакцинирани, уапсени, протерани...

1
МАКЕДОНИЈА - Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека вчера биле приведени осум лица во Скопје и Куманово за кривично дело - терористичка организација. Во анти-терористиката акција бил направен и претрес и биле пронајдени воена опрема и оружје. Акцијата ја извел Секторот за борба против тероризам, во координација со Агенцијата за национална безбедност и Основното јавно обвинителство.

2
БЕЛГИЈА - Воздушните сили на НАТО годинава повеќе од 400 пати пресретнале непознати авиони, најголем број од нив од Русија, кои се приближувале кон воздушниот простор на Алијансата, соопштија од воениот сојуз.

3
БУГАРИЈА - Руските власти му дале 72 часа на бугарски дипломат да ја напушти земјата, откако претходно беше протеран руски воен аташе од Софија. Бугарските власти на 18 декември му дадоа 72 часа на руски дипломат да ја напушти земјата, која е членка на ЕУ и НАТО, откако обвинителите потврдија дека тој бил вмешан во шпионажа од 2017 година.

4
ТУРЦИЈА - Турција ќе ја добие првата пратка од вакцината против коронавирусот на Синовак од Кина пред четврток, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.