Достапни линкови

Вести

Првиот пакет вакцини пристигна во Грција

Илустрација

Првиот пакет со 9 750 вакцини од Фајзер – Бионтек пристигна во Грција со полициска придружба. В понеделник во Грција почнува вакцинацијата односно таканаречаната операција „Слобода“. Вакцините ќе се чуваат во специјални фрижидери за длабоко замрзнување во пет простори за складирање на тајна локација, која ќе биде под 24-часовен надзор и обезбедување, а оттаму ќе се пренесуваат во центрите за вакцинација кои се вкупно 1.018 во цела Грција.


Во текот на следната недела се очекува во Грција да пристигнат уште нови 83.850 дози од вакцината, а до крајот на јануари ќе бидат доставени 429.000 дози и 333.450 дози до крајот на февруари, а до крајот од првиот квартал од 2021 година. Само од Фајзер/БиоНТек, се очекува Грција да добие 1.265.550 дози. Првите вакцини ќе ги примат повозрасен граѓанин, медицинско лице, но и грчкиот премиер и претседателката на Грција.

види ги сите денешни вести

Во Бугарија регистрирана мутација на британскиот сој на корона

ilustracija

Кај две жени од северна Бугарија, инфицирани со британската верзија на коронавирусот, забележана е мутација во спајкот на протеинот на вирусот, од кој се замени аминокиселини, соопштија бугарските здравствени власти на брифинг.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарските здравствени власти веднаш се обратиле до Институтот за молекуларна биологија при Бугарската академија на науките за нивно натамашно секвенционирање.

Бугарија ги ублажува мерките против ковид-19

Според Тодор Кантарџиев, директорот на Националниот центар за инфективни и паразитски болести во Бугарија, станува збор за мутација на вирусот што во моментов се разгледува и набљудува, но коментира дека не очекува таа да доведе до тоа што во моментов го загрижува светот – потребата за вакцина или ново лекување.

Рашковски оди во куќен притвор

Драги Рашковски

Судија на претходна постапка му одреди куќен притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски за случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци. Обвинителството пак бараше ефективен притвор.

Покрај Рашковски, во куќен притвор оди и Даниел Станчески, сопственик и управител на фирмата „Инвока гроуп“ којашто го доби тендерот за софтверот. Преку соопштение до јавноста Судот ја правда својата одлука за куќен притвор со тоа што Обвинителот не приложил докази за поткрепа на основите за сомнение поради кои се бара притвор.

„По произнесување на јавниот обвинител во однос на предлогот со кој бара определување мерка притвор заради постоење на основите од член 165 ст.1.т.1 и 2 односно (т.1) опасност од бегство со оглед да осомничените се имотни и (т.2)влијание на сведоци и попречување на истрагата, како што е наведено во предлогот, како и произнесување на осомничените воприсуство на нивните бранители, судија на претходна постапка донесе решенија со кои на осомничените им определи мерка куќен притвор како и мерка Забрана за комуникација со другите осомничени и Забрана за користење на средства за комуникација. Имено во предлогот обвинителот не приложил докази во поткрепа на основите на сомнение заради кои се бара притвор, односно не приложил доказ дека осомничените се имотни и доказ како осомничените влијаеле или ќе влијаат на истражната постапка.Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, соопштија од Кривичниот суд.

Другите две лица за кои се бараа мерки за претпазливост дополнително ќе бидат повикани на распит во Кривичен суд да се произнесат по што ќе се одлучува.

Обвинителството најави дека ќе се жали на одлуката на Кривичниот суд да му биде одреден куќен притвор, а не ефективен притвор на Рашковски. Обвинителката Ивана Трајчева вели дека тие поднеле доволно докази за околностите за одредување на притвор.

„Обвинителството приложи доволно докази за да ги докаже околностите поради кои бара да биде одреден притвор. Со мерката куќен притвор сметаме дека и понатаму ќе постои опасност од влијание на сведоците и останатите материјални докази кои треба да бидат прибавувани“, изјави Трајчева.

Обвинителство: Постои ризик за бегство за Рашковски и Станчев

Претходно денеска полицијата ги приведе поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и сопственикот на фирмата „Инвока Груп“ Даниел Станчев по наредба на Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал за случајот со набавката на софтвер кој што МВР со месеци не го користело.

„Законот важи еднаво за сите и нема недопирливи, иако Драги Рашковски беше секретар во мојот кабинет“, изјави премиерот Зоран Заев за приведувањето на поранешниот генерален секретар.

Сепак, додаде премиерот, треба да се почитува презумција на невиност и дека судот треба да го каже последниот збор, а во врска со набавката на софтверот за МВР од страна на Рашковски, за кој случај тој е приведен, Заев рече дека „таа јавна набавка била спроведена согласно со законите и деловникот за работа на Владата“.

В понеделник консултации за новата бугарска Влада

Румен Радев, претседател на Бугарија

Бугарскиот претседател Румен Радев во понеделник ги почнува консултациите за формирање на новата бугарска Влада и за таа цел во претседателството ги покани парламентарните партии кои влегоа во новиот состав на Националното собрание, наведува прес-службата на шефот на државата.

Според дописникот на МИА од Софија, тема на консултациите ќе биде доверувањето на мандатот за формирање на новата бугарска Влада. Политичките консултации ќе почнат во 9 часот утрото, а прва на разговор ќе биде победничката партија на парламентарните избори ГЕРБ-УДФ, по која ќе следи „Има таков народ“ на Слави Трифонов, трета БСП на Корнелија Нинова и потоа Движењето за права и Слободи.

Борисов: Јас сум најподготвен, ама нема да бидам премиер

ГЕРБ ќе предложи Влада, премиерската позиција се уште е енигма

Во втората половина на денот претседателот Радев ќе ги прими претставниците на партиите „Демократска Бугарија“ и „Стани! Излези!“

Меркел ја прими вакцината на АстраЗенека

Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел ја прими првата доза на вакцина против корона вирус од британско-шведскиот производител АстраЗенека, соопшти нејзиниот портпарол на Твитер, а пренесе Ројтерс.

„Среќна сум што ја добив првата доза на АстраЗенека. Вакцината е клучот за надминување на пандемијата“, изјавила Меркел по вакцинирањето.

Германскиот регулатор за вакцини препорача ограничување на употребата на вакцината кај лица помлади од 60 години, поради случаи на ретки случаи на крвни згрутчувања.

Заклучно со 2 април, во Германија имало 43 случаи на тромбоза по вакцинирањето со АстраЗенека. Во 35 случаи, се работело за жени на возраст од 20 до 63 години, а осум лица починале. Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер исто така ја прими првата доза на оваа вакцина на почетокот на овој месец.

ЕК: Нема причина воопшто да не се користи вакцината на АстраЗенека

До денес, околу 15,3 милиони луѓе во Германија примиле барем една доза од вакцина против Ковид 19.

Османи: Не може да има дијалог со Србија додека во Косово умираат луѓе

Вјоса Османи, претседателка на Косово

Претседателката на Косово, Вјоса Османи вели дека дијалогот со Србија не може да биде приоритет во ситуација кога луѓето во нејзината држава „умираат во недостиг на вакцини“ против Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната средба со амбасадорот на Белгија во Приштина, Жан-Луј Серве, Османи изјавила дека главна преокупација на косовските власти во актуелната ситуција е обезбедувањето вакцини.

„Не можеме да говориме за дијалог со Србија додека луѓето ни умираат во недостиг на вакцини. Вакцините се приоритет и ќе го направиме и невозможното, во соработка со нашите партнери, истите да ги обезбедиме“, порача Османи.

Вјоса Османи и официјално стана претседателка на Косово

Амбасадорот Серве, според соопштението од претседателскиот кабинет ѝ ги пренел на Османи честитките од белгискиот крал за неодамнешниот избор на чело на косовската држава и нагласил дека неговата земја „ќе продолжи да го поддржува Косово на неговиот европски пат, како и во јакнењето на меѓународниот субјективитет“.

Нови 908 случаи на ковид 19, починало 31 лице

илустрација

Во последните 24 часа се направени 3.616 тестирања, а регистрирани се 908 нови случаи на КОВИД-19. Најмногу случаи има во Скопје – 367, а потоа следуваат Битола – 71, Куманово – 64, Прилеп – 49, Штип – 40, Велес и Охрид – по 39, Тетово – 38, Струмица – 24, Гостивар – 21, Кичево – 19, Кочани – 18, Кавадарци – 16, Гевгелија – 14, Свети Николе и Виница – по 11, Крива Паланка и Дебар – по 10, Неготино – 9, Струга – 8, Берово, Пробиштип, Валандово и Богданци – по 4, Ресен и Делчево – по 3, Радовиш, Крушево и Кратово – по 2, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1 .

Регистрирани се 732 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 31 починати лица. Од починатите 30 пациенти, се починати во болнички, а само еден пациент е починат во домашни услови.

ЕУ наскоро ќе испрати 650.000 вакцини за Западен Балкан

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.909, бројката на оздравени пациенти е 121.439, на починати е 4.388, а бројот на активни случаи изнесува 20.082.

Заев за приведувањето на Рашковски: Нема недопирливи, но последниот збор е на Судот

Архивска фотографија - Драги Рашковски и Зоран Заев

Законот важи еднаво за сите и нема недопирливи, иако Драги Рашковски беше секретар во мојот кабинет, изјави денеска премиерот Зоран Заев за приведувањето на поранешниот генерален секретар и барањето за негов притвор од 30 дена.

Сепак, додаде премиерот, треба да се почитува презумција на невиност и дека судот треба да го каже последниот збор, а во врска со набавката на софтверот за МВР од страна на Рашковски, за кој случај тој е приведен, Заев рече дека „таа јавна набавка била спроведена согласно со законите и деловникот за работа на Владата“.

„Тоа е она што јас го видов, може да се докаже дека истражните органи имале поинакво гледање, но на крај ќе пресече судот, негов е конечниот став. Не може да го осудиме човекот пред судот“, рече Заев.

Премиерот нагласи дека е важна пораката дека „никој не е недопирлив, но и никој не е виновен додека не му се докаже вината“.

Заев негира дека ја држи страната на Рашковски, и повтори дека иако можеби е пристрасен, конечниот збор ќе ги кажат институциите.

Полицијата денеска ги привела поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и сопственикот на фирмата „Инвока Груп“ Даниел Станчев по наредба на Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал за случајот со набавката на софтвер кој што МВР со месеци не го користело.

„Во временскиот период од месец јануари 2019 година до месец јули 2020 година, првоосомничениот како службено лице, помогнат од останатите осомничени лица, со умисла извршил три временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Пред спроведување на постапката за јавна набавка на софтвер, првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Четвртоосомничениот како надворешен соработник пренесувал информации за текот на постапката на осомничените – учесници во јавната набавка,“ се вели во соопштението на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал.

Во продолжение е наведено дека летото во 2019 година првосомничениот донел одлуки за јавна набавка за потреите на софтвер иако во тоа време не бил склучен договор за таков софтвер. Обвинителот побарал притвор за Рашковски и Станчев, затоа што како што се вели во соопштението, постојат околности што укажуваат дека постои опасност од бегство, криење и влијание врз сведоци додека за останатите осомничени даде предлог на судот да им определи мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето.

Села, Гаши и Заев се договориле за законот за државјанство

Зоран Заев, Зијадин Села и Африм Гаши

Премиерот Зоран Заев, по средбата со лидерите на албанските опозициски партии Алијанса за Албанците и Алтернатива - Зијадин Села и Африм Гаши, изјави дека постигнале договор за законот за државјанство.

„Законот веднаш ќе се работи. Од аспект на внимателност не кажуваме за деталите. Договоривме да споделиме со вас дека веруваме дека има договор. Конечно ќе ја утврдиме кога ќе ја видиме ставена на хартија преку сите правни аспекти“, рече Заев.

Ова беше трета средба на Заев со претставници на албанската опизиција за законот за државјанство и решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, а што е поврзано со обидите за деблокирање на работата на Собранието.

ЕУ наскоро ќе испрати 650.000 вакцини за Западен Балкан

Илустрација

Европската унија (ЕУ) работи интензивно за да се овозможи испорака на вакцини во земјите од регионот на Западен Балкан, потврдија за Радио Слободна Европа (РСЕ) во седиштето на институциите од Брисел. Според извори на РСЕ, станува збор за околу 651.000 дози вакцини Фајзер што треба да се дистрибуираат во регионот. Овие вакцини ќе бидат наменети првенствено за медицински професионалци и други приоритетни групи.

Ова се вакцини кои ќе дојдат директно од ЕУ, независно од програмата КОВАКС.

Како што објаснија експертите, интензивно се работи на постигнување на таканаречениот трипартитен договор, кој ги вклучува ЕУ, земјите од Западен Балкан и компанијата Фајзер. Исто така беше речено дека Австрија, во име на земјите-членки на ЕУ, ги олеснува овие трансакции и работи на потребната административна документација.


Патем, за вакцините за земјите од регионот, Европската комисија (ЕК) издвои 70 милиони евра во декември, со цел да им овозможи на земјите од регионот да купат одреден број вакцини од Договорот за набавка што ЕУ има со шест производители на вакцини. Првата европска испорака на вакцини ќе се отплати со овие средства.

Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји, денеска имаше разговори со министрите за надворешни работи и европски прашања на Западен Балкан преку видео врска. Вархеjи изјави дека се дискутираше за последните чекори со цел да се обезбеди испорака на вакцини против ЦОВИД-19 од страна на ЕУ во регионот и со цел да им се помогне на вакцинирањето на медицинските работници и некои ранливи групи.

Средба Брнз - Спасовски: Соработката продолжува засилено

Амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски - Скопје 16 април 2021

Mинистерот Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, на која се разговараше за последните акции на Министерството за внатрешни работи (МВР) и тековната техничка помош на САД за поддршка на Министерството. Министерот Спасовски се заблагодари за техничката поддршка што МВР ја добива од амбасадата на САД, што многу придонесува за успешни резултати во работата на полицијата. Амбасадорката Брнз го истакна значењето на неодамнешните акции во борбата со криминалот, соопшти денеска МВР.

Според соопштението од Министерството, Брнз и Спасовски разговарале за техничката помош која Амбасадата на САД во Скопје континуирано ја дава на МВР во јакнење на капацитетите на полицијата преку програмите ИЦИТАП и АТА.

„Во изминатите три децении, МВР и Амбасадата на САД соработуваа со цел да се постигнат заедничките цели во спроведувањето на законот и владеењето на правото, вклучително и обезбедување техничка и форензичка поддршка за конкретни случаи и обука и опрема за зајакнување на капацитетите на МВР. Сите овие активности придонесуваат за зголемена безбедност, поголема транспарентност и можност за истраги и гонење на корупција, тероризам, како и случаи на транснационален и организиран криминал. Министерот Спасовски и амбасадорката Брнз ја потенцираа одличната соработка, која и во иднина ќе продолжи со засилен интензитет, во интерес на граѓаните“, соопшти Министерството.

Рот: Цртањето нови граници е опасен пат

Михаел Рот

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, реагираше на наводите за идеите за прекројување на границите на теоријата на поранешна Југославија, односно наводниот „нон-пејпер“.

„Цртањето нови граници е опасен пат“, рече германскиот министер на Твитер.

Тој истакна дека земјите од Западен Балкан имаат иднина само како мултиетнички и мултирелигиозни општества.

„Регионалното помирување и соработка се клучевите за мир, демократија и просперитет“, рече Рот.


Овие тврдења доаѓаат по информацијата во некои медиуми во регионот, дека словенечкиот премиер Јанез Јанша излегол со предлог за прекројување на границите на Западен Балкан, како начин за решавање на хроничниот проблем меѓу шесте земји во регионот.

Да потсетиме, официјални претставници на Европската унија инсистираат на тоа дека не виделе таков документ. Радио Слободна Европа (РСЕ) не може да ја потврди автентичноста на нон-пејперот.

Филипче и Лончар ќе договараат стратешко партнерство за „Торлак“

Венко Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска информираше дека тој и претставници од Министерството за здравство ќе одат во Белград на средба со српскиот министер за здравство Златибор Лончар за да договорат стратешки план за набавка на вакцини. Ваквиот потег доаѓа откако во институтот почнаа да се произведуваат вакцини на „Спутник В“, а со цел да се договори стратешко партнерство за во иднина.

„Иако овој момент не се потребни вакцини од таму, сепак, имаме разни најави, не можеме да претпоставиме што ќе се случува понатаму, и сметам дека инситутот Торлак ќе биде стратешки партнер за во идниот период за набавка на вакцини“, рече Филипче.

Тој посочи дека на средбата покрај за вакцини ќе се разговара и за други важни теми за меѓусебна соработка.

ЕК сака Западен Балкан да учествува на Конференцијата за иднината на Европа

Европската Комисија (ЕК) сака да биде вклучен Западниот Балкан во Конференцијата за иднината на Европа, но конечната одлука ја носат земјите членки на Европската унија (ЕУ), а оттаму сѐ уште нема јасна позиција, јави МИА од Брисел. Во одговор до МИА на ова прашање од кабинетот на потпретседателката на Европската Комисија, задолжена за оваа Конференција - Дубравка Шуица, потврдија дека оваа институција сака да го види регионот инволвиран во овој настан кој започнува на 9 мај.

„Комисијата е отворена за инволвирање на граѓаните и организациите од земјите на Западен Балкан – нашите блиски соседи – во Конференцијата за иднината на Европа. Пандемијата покажа до која мера земјите членки на ЕУ и другите земји во Европа, вклучително и Западниот Балкан, зависат едни од други“, одговорила од кабинетот на Шуица за МИА.

Конференцијата за иднината на Европа требаше да започне минатата година, но се одложи за оваа, на 9 мај, денот на Европа. Официјално поради пандемијата, неофицијално затоа што земјите членки и натаму не можат целосно да се усогласат за модалитетите на оваа Конференција, која треба да ги постави темелите на иднината на Европската Унија и на континентот врз основа на директна консултација со граѓаните.

Филипче: Има помалку приеми, но ковид ситуацијата е сериозна

Министерот за здравство, Венко Филипче

На редовниот утрински состанок со директорите на ковид-центрите во Скопје ја разгледавме состојбата со пополнетоста на болничките капацитети. Иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситуацијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид-центрите е голем, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Во моментов, посочува министерот, имаме доволно слободни места за да се згрижат сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување.

Очекуваме во нареднот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува. Мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран, напиша Филипче.

Петиција од РСЕ до Европскиот суд за деблокада на руските казни

Радио Слободна Европа (РСЕ) поднесе итна петиција до Европскиот суд за човекови права за блокирање на Русија во спроведувањето казна за кршење на контроверзниот закон за „странски агенти“, што може да ги чини медиумите повеќе од милион американски долари.

РСЕ во соопштението за печатот објавено на крајот на 15 април рече дека побарало од судот во Стразбур да додели привремени мерки со кои ѝ се наредува на Русија да се воздржи од спроведување стотици „административни процедури“ што веќе ги донесе или се закани дека ќе ги започне против медиумските организации, согласно Законот за странски агенти, кој според критичарите е насочен кон замолчување на независните медиуми, особено на РСЕ.


Привремените мерки ќе бидат во сила се додека судот не донесе одлука за постапките на руската влада, соопшти РСЕ.

Законите за „странски агенти“ се однесуваат на медиуми финансирани од странство и на невладини организации за кои владата процени дека се занимаваат со политички активности и кои добиваат странски финансии. Законот беше критикуван затоа што има за цел да го поткопа граѓанското општество и да го дискредитира критичкото известување и несогласувањето со потезите на руската влада.

Денес трета средба Заев-Гаши-Села за државјанствата

Зоран Заев, Зијадин Села и Африм Гаши

Во Собранието денеска на пладне се очекува да се одржи средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, потврдиле за МИА од коалицијата.

Ова е трета средба на Заев со претставници на албанската опизиција – Алијанса за Албанците и Алтернатива и треба да се разговара за законот за државјанство и решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, како и за одблокирање на работата на Собранието.

Премиерот Зоран Заев во понеделник по средбата во Собранието со лидерите на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, изјави дека имале успешен напредок и сериозен исчекор во разговорите, истакнувајќи дека до крајот на неделава на основа на анализата која експертите ќе ја направат, ќе може да се финишира со законското решение за државјанствата. И претседателот на АА, Села, истакна дека се на добар пат се да се најде заедничко решение во врска со законот за државјанство.

По тензичната седница, Џафери го свика парламентарното претседателство

Талат Џафери

Парламентарното претседателство денеска ќе заседава на иницијатива на претседателот на Собранието, Талат Џафери, за да разговара како ќе продолжи со работа законодавниот дом, по прекинот на синоќешната седница без да биде донесен петтиот сет на антикризни мерки.

На состанокот на претседателството, согласно законот, ќе присуствуваат Џафери, потпретседателите Горан Мисовски и Фадил Зендели, како и генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова. На вчерашната седница Џафери најави дека ќе побара карантин за Собранието.

Синоќешната седница на Собранието заврши тензично, а причина беше со која седница ќе продолжи да работи Собранието со 32-та или 36-та на која на дневен ред е петтиот пакет економски мерки кои треба да им помогнат на граѓаните погодени од економската криза предизвикана од ковид епидемијата.

Собранискиот спикер Талат Џафери вечерва по паузата ја закажа 32-та седница, на која меѓудругото треба да се гласа и за Националната стратегија за борба против корупцијата 2021 до 2022 година, а веднаш по неа 36-та за економските мерки.

Во ковид центрите има 1708 пациенти и над 330 слободни места

Ковид-19 центар во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1708 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираше денеска Министерството за здравство (МЗ).

„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1708 и има околу 338 празни болнички кревети во ковид центрите. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 61 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 704 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 83 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, соопшти МЗ.

Осум мртви и многу повредени во оружен напад во Индијанаполис

Илустрација

Осум лица загинаа, а повеќемина се повредени, во пукање што се случи во објект на Федекс во американски Индијанаполис, соопшти полицијата. Портпаролката на полицискиот оддел во Индијанаполис, Џена Кук, на прес-конференција рано во петокот изјави дека осум лица се убиени во објектот на Федекс, во близина на меѓународниот аеродром во Индијанаполис.

"Лицето за кое претпоставуваме дека е напаѓачот е мртво. Пронајдовме осум мртви лица со прострелни рани. Едно лице е критично, четири се итно пренесени во блиските болници, а неколку лица имаат повреди на разни начини", рече Кук.

Голем број луѓе се повредени и се наоѓаат во болница. Семејствата на жртвите се собираат во блискиот хотел. Можеби има повеќе жртви, но полицијата не сака да го потврди ова пред да контактира со семејствата на починатиот.

Идентитетот на напаѓачот сè уште не е потврден и не е познато дали тој бил вработен во Федекс. Не се познати детали, ниту причината за нападот.

Обвинителство: Постои ризик за бегство за Рашковски и Станчев

Dragi Raskovski / Драги Рашковски

Полицијата денеска ги привела поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и сопственикот на фирмата „Инвока Груп“ Даниел Станчев по наредба на Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал за случајот со набавката на софтвер кој што МВР со месеци не го користело, потврдуваат од Обвинителството. Во соопштението е наведено дека вчера била донесена одлука за отворање на истрага за четири лица поради основано сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување.

„Во временскиот период од месец јануари 2019 година до месец јули 2020 година, првоосомничениот како службено лице, помогнат од останатите осомничени лица, со умисла извршил три временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Пред спроведување на постапката за јавна набавка на софтвер, првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Четвртоосомничениот како надворешен соработник пренесувал информации за текот на постапката на осомничените – учесници во јавната набавка,“ се вели во соопштението на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал.

Во продолжение е наведено дека летото во 2019 година првосомничениот донел одлуки за јавна набавка за потреите на софтвер иако во тоа време не бил склучен договор за таков софтвер.

Рашковски заминува - Останаа „Леонардо“, хеликоптерите, софтверот, џипот...

Обвинителот побарал притвор за Рашковски и Станчев, затоа што како што се вели во соопштението, постојат околности што укажуваат дека постои опасност од бегство, криење и влијание врз сведоци додека за останатите осомничени даде предлог на судот да им определи мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето.

Станува збор за отворена истрага за предметот за набавка на софтверот кој тој како поранешниот генерален секретар на Владата, го набавил пред 8 месеци од фирмата „Инвока груп“ и платил 81 илјада евра со цел да се употребува во рамките на проектот „ Безбеден град“ на МВР. Но, оттаму велат дека таквиот софтвер нити го користат, ниту планираат да го користат затоа што работат на нов проект за таа цел. Дополнително Рашковски ја патентирал идејата за софтвер кој подоцна со јавна набавка го нарачал и платил на „Инвока Гроуп“ од државниот буџет пред да биде извршено негово тестирање за функционалноста.

Лидерите на Франција, Германија и Кина на oнлајн самит за климата

илустрација

Средбата меѓу лидерите на Франција, Германија и Кина Емануел Макрон, Ангела Меркел и Си Џинпинг, како што е најавено, ќе се одржи за време на посетата на американскиот пратеник за климата Џон Кери на Кина и една недела пред меѓународниот состанок за климата, во организација на американскиот претседател Џо Бајден.

САД и ЕУ ја обновуваат соработката за климатските промени


Си Џинпинг ќе учествува на денешниот онлајн состанок „на покана на францускиот претседател Емануел Макрон“, соопшти официјален Пекинг. Претседателот на Соединетите држави повика на меѓународен самит за клима на кој треба да учествува и претседателот на Русија Владимир Путин. Самитот на 22 и 23 април треба да придонесе за глобалните напори за намалување на загадувањето со фосилни горива.

Бајден ќе му биде домаќин на јапонскиот премиер Суга

јапонскиот премиер Јошихиде Суга

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе се состане со јапонскиот премиер Јошихиде Суга во Белата куќа. „Ова ќе биде прва лична посета на странски лидер на администрацијата Бајден-Харис, како одраз на важноста што ја даваме на нашите билатерални односи со Јапонија и нашето пријателство и партнерство со јапонскиот народ“, рече секретарот за печат на Белата куќа Џен Псаки.

Кина ја предупредува Јапонија пред состанокот Бајден - Суга

Станува збор за нов датум за одржување на средбата, една недела подоцна отколку што беше првично закажан, наводно со цел одложувањето, како што беше соопштено во Вашингтон, да овозможи поуспешни разговори. „Доцнењето е потребно за да се овозможи повеќе време за подготовка за да се обезбеди успех“, изјави Катсунобу Като, главниот портпарол на јапонската влада.

Меркел денеска ќе биде вакцинирана со вакцината АстраЗенека

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе биде вакцинирана против коронавирус со вакцината на фармацевтската компанија АстраЗенека. Таа има повеќе од 60 години и ги исполнува условите за вакцинирање со вакцината АстраЗенека во Германија, пишува весникот „Велт“. Меркел претходно изрази подготвеност да ја прими вакцината од производителот АстраЗенека по нејзиното враќање во употреба во Германија.

ЕУ нема да ги продолжи договорите со Џонсон & Џонсон и АстраЗенека

Многу земји престанаа да вакцинираат со оваа вакцина поради згрутчување на крвта чија појава кај луѓето е поврзана со вакцината. Претходно, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер беше вакциниран со иста вакцина во Берлин.

Шефот на српската дипломатија во дводневна посета на Русија

Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ

Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ престојува дводневната посета на Русија, при што денеска ќе разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Двајцата министри се очекува да изработат план за консултации меѓу Министерството за надворешни работи на Русија и Министерството за надворешни работи на Србија за 2021 и 2022 година, што го парафираа за време на посетата на Лавров на Белград во декември минатата година. Теми на разговор ќе бидат и перспективата на дијалогот меѓу Белград и Приштина, енергетската и воената соработка меѓу Србија и Русија, како и понатамошниот развој на целокупните билатерални односи меѓу двете земји.

Кротење на српските „русофили“ или уште еден маневар на Вучиќ?

За време на неговата последна посета на Белград, Лавров рече дека Русија се залага Резолуцијата 1244 да биде основа за барање на каков било договор меѓу Белград и Приштина. „Улогата на медијатор беше одобрена од Генералното собрание на ОН и ЕУ треба да ја реализира непристрасно и да ја надмине отворената саботажа на Приштина околу сите договори постигнати пред неколку години, вклучително и обврската за формирање на Унија на српски општини“, рече тогаш Лавров. Зборувајќи за снабдувањето на Србија со руски гас, претседателот Александар Вучиќ по тој повод рече дека неколку пати му било сугерирано да купува гас од Запад, но дека за Србија рускиот е најевтин.

Јанша одбива да го коментира „нон-пејперот“ за Западен Балкан

премиерот на Република Словенија Јанез Јанша

„До ново известување, Кабинетот на премиерот на Република Словенија нема да коментира на темата за таканаречениот нон-пејпер документ за Западен Балкан“. Вака е одговорено барањето за интервју кое Радио Слободна Европа го испрати до словенечкиот премиер Јанез Јанша, во врска со наводниот документ што тој го проследи до Европскиот совет. Имено, на помалку од три месеци пред почетокот на словенечкото шестмесечно претседателство со Европската унија, во медиумите се појавија тврдења за наводниот предлог на Јанша за прекројување на границите на Западен Балкан, како начин да се реши хроничниот проблем меѓу шест земји во регионот.


Пендаровски - Не сум разговарал со Пахор за прекројување на границите

Во четвртокот словенечкиот портал „Нецензурирано“ објави наводна копија на контроверзниот документ. Според објавената содржина, се зборува за прецртување на границата меѓу Србија и Косово, а предвидена е и можност за отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина, припојување на делови од Црна Гора и Северна Македонија со албанското мнозинство кон Албанија и припојување на делови од БиХ, односно Херцеговина, кон Хрватска.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG