Настаните на денот низ фотографии - 23 декември 2020
Од Преспа до Колумбија

1
РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не очекува никакви промени во односите со Соединетите држави по доаѓањето на Џо Бајден на функцијата претседател.

2
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА - Пожарот во мигрантскиот капм Липа, во близина на Бихаќ е ставен под контрола, но целата инфраструктура е уништена или оштетена, изјави шефот на мисијата на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Босна и Херцеговина, Питер Ван дер Оверарт. Пожарот кој избувна денеска бил предизвикан од мигрантите со палење на шаторите и контејнерите.

3
ГЕРМАНИЈА - Берлинската полиција уапси двајца екстремни десничари, осомничени за учество во низа напади, соопшти денеска германското обвинителството.

4
ШВАЈЦАРИЈА - Минатата недела во светот беа потврдени над 4,6 милиони случаи на инфекции со коронавирус, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).