Настаните на денот низ фотографии - 22 декември 2020.
Претседател, градоначалник, адвокат...

1
МАКЕДОНИЈА / САД - Специјално издание на поштенска марка по повод 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и САД беше промовирано денеска во Министерството за надворешни работи.

2
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА - Иконата која претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик му ја подари на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров не е украдена и е од редот на семејните осветени икони, соопштија денеска од кабинетот на Милорад Додик.

3
МАКЕДОНИЈА / БУГАРИЈА - Апсолутно е јасна поддршката за нас од страна на сите преостанти 26 земји членки на ЕУ. Комуникацијата со официјална Софија продолжува во насока на изнаоѓање решение, имаме волја да продолжиме понатаму, да не изгубиме ниту еден ден, ниту билатералните прашања не треба да бидат пречка за европските процеси, па ниту изборите да бидат пречка за решавање на билатералните разлики, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

4
СРБИЈА - Претседателот на српскиот Парламент, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека одлуката на Уставниот суд на Косово за нови избори е нов изговор за одложување на дијалогот со Белград, јави МИА од Белград.