Настаните на денот низ фотографии - 21 декември 2020.
Пациенти, полицајци, хакери...

1
РВАТСКА - Корона-кризата досега го чинеше хрватското здравство вкупно 927,4 милиони куни, односно околу 123 милиони евра, објави денеска тамошниот министер за здравство Вили Берош.

2
СЛОВЕНИЈА - Доброволно масовно тестирање за ковид-19 почнува утре во Словенија во бројни општини, изјави денеска Марија Магајне од словенечкото Министерство за здравство.

3
БЕЛГИЈА - Европската агенција за лекови(ЕМА) денеска ја одобри употербата на вакцината на компаниите Фајзер/БиоНТек против коронавирус, отворајќи можност за почеток на вакцинацијата во ЕУ пред крајот на годинава.

4
МАКЕДОНИЈА - Еден дел од украдената марихуана од Валандовско-гевгелискиот регион веќе е откриен во областа на Арачиново, еден дел е во Косово, се работи со службите да се открие до крај и да бидат извадени пред лицето на правдата сите одговорни, изјави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев.