Настаните на денот низ фотографии - 17 декември 2020
Рестрикција и инспекција

1
РУСИЈА - Московскиот суд ја казни втората членка на рускиот протестен колектив Пуси Рајот за учеството во настап минатиот месец, на кој беа истакнати строгите затворски казни изречени против луѓето кои фрлаа со пластични чаши и шишиња кон полицијата.

2
МАКЕДОНИЈА - Од утре стапува на сила новиот пакет на рестриктивни мерки против ковид-19 кои ги усвои Владата на предлог на Комисијата за заразни болести.

3
ФРАНЦИЈА - Голем број европски лидери влегоа во самоизолација, откако францускиот претседател Емануел Макрон беше позитивен на новиот коронавирус.

4
УНГАРИЈА - Највисокиот суд на Европската унија денеска пресуди дека Унгарија го прекршила законот спречувајќи мигранти да бараат азил, а многумина од нив биле однесени во транзитни кампови.