Настаните на денот низ фотографии - 16 декември 2020.
Историја и вакцинација

1
МАКЕДОНИЈА - Не се укинува историјата како предмет во основното образование, ниту пак која било друга научна дисциплина, соопштуваат од Министерството за образование и наука (МОН), по објавите, меѓу кои и на опозицијата дека предмет историја се брише.

2
ЕРМЕНИЈА - Оспорениот премиер на Ерменија, Никол Пашинијан изјави денеска дека сам не може да одлучи да распише предвремени парламентарни избори. Тој се соочува со зголемени повици да си даде оставка, по минатомесечниот договор за прекин на огнот со Азербејџан.

3
МАКЕДОНИЈА - Пратениците со 61 глас ЗА, без против и без воздржани на денешната седница ги избраа Иџет Мемети и Љупчо Ивановски за членови на Советот на јавни обвинители.

4
МАКЕДОНИЈА - Заблагодарувајќи им се на сите граѓани кои се на првата линија на фронтот во борбата со пандемијата на Ковид-19 во Македонија, претседателот Стево Пендаровски, во денешното годишно обраќање, порача дека тие се вистинските херои во 2020-та година, но и дека е сигурно дека во пресрет на вакцинирањето против вирусот, нè очекува нов бран на негативни кампањи кои ќе ги обесхрабруваат луѓето да се вакцинираат, со ширење теории на заговор на социјалните мрежи.