Настаните на денот нзи фотографии - 9 декември 2020.
Шпиони и изолирани

1
ДАНКСА / РУСИЈА - Данските власти соопштија дека обвиниле за шпионажа еден руски државјанин кој живее во Данска. Тој е обвинет дека наводно на Русија ѝ пренесува информации кои ги обезбедил за енергетската технологија на Данска.

2
МАКЕДОНИЈА - Ветото на Бугарија за отворање на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ е неодговорна и тешка геостратешка грешка. Остануваме посветени за решение убедени дека е можно без оспорување на македонскиот идентитет, истакнува меѓу другото премиерот Зоран Заев во обраќањето до граѓаните. Тој рече дека со ветото Бугарија го прекршила Договорот за добрососедство и оти соседната земја не собра сила да се однесува европски.

3
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Британскиот премиер Борис Џонсон доаѓа во посета на Брисел на разговори за пост-Брегзит договор со претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лејен. Има големи несогласувања за рибарските права, правилата за фер трговија и за тоа како ќе биде спроведен договорот.

4
КИПАР - Поради влошената епидемиолошка слика, кипарската Влада, наместо олабавување на постојните, одлучи да воведе построги мерки и да ги затвори моловите, угостителските објекти, црквите, дел од средните училишта и универзитетите.