Достапни линкови

Националниот Ромски центар го одбележа Меѓународниот ден на човековите права


Националениот Ромски центар го одбележа Меѓународниот ден на човековите права

Под мотото „Мултиетничност или премолчен бинационализам", денеска Здружението Национален Ромски Центар го одбележа Меѓународниот ден на човекови права – 10 Декември.

На прес-конференцијата во паркот Жена борец во Скопје, од Здружението ги изразија своите ставови и согледувања во однос на пристапот на правата, дискриминацијата и нивните согледувања за вклучување на ромската заедница во процеси кои се од фундаментално значење за соживот, мултиетничност и ЕУ интеграции.

„Сакаме да споменеме дека 10 декември, како Меѓународен ден на човековите права, кој е утре, треба да значи економска стабилност, домување, здравство, право на слобода на движење, право на говор и право да бидеме дел таму каде што сакаме, не само во оваа држава, туку и во светот“, порачаа од здружението.

Здружението Национален Ромски Центар оваа година одбележува 15 години од своето постоење.

XS
SM
MD
LG