Настаните на денот низ фотографии - 8 декември 2020.
Вето и Фето

1
МАКЕДОНИЈА / ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Министерството за здравство може да отпочнe директни преговори за набавка на вакцина од компанијата Фајзер, која произведува вакцина против ковид-19, рече министерот за здравство Венко Филипче. Денеска Маргарет Кинан, 90-годишна жена од Велика Британија, беше е прва личност во светот што ја прими вакцината против новиот коронавирус на компанијата Фајзер и БиоНтек. Британија од денеска почна со вакцинирање против коронавирусот.

2
БЕЛОРУСИЈА - Александар Лукашенко, кој владее со Белорусија 26 години, го нарече Меѓународниот олимписки комитет (МОК) банда, откако му беше изречена привремена забрана која може да го исклучи од Олимписките игри во Токио наредната година. Забраната е донесена поради насилното задушување на протестите по спорните претседателски избори во земјата.

3
ИРАН - Иранискиот претседател Хасан Рохани вели дека неговата земја ќе продолжи да ја поддржува сириската влада како стратешки сојузник се додека не победи во граѓанската војна во земјата.

4
МАКЕДОНИЈА - Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров вели дека е битно пристапниот процес во ЕУ да се европеизира, а не да се балканизира. Тој денеска рече дека за македонската страна е битно македонскиот јазик и македонскиот идентитет да останат недопрени, а историските прашања да се решаваат од историчарите, за што има и механизам. Бугарија и на денешниот Совет за општи работи на ЕУ остана на ветото за Македонија.