Настаните на денот низ фотографии - 4 декември 2020
Преговарачи и бомбаши

1
БЕЛГИЈА - Владите на Европската унија (ЕУ) и на Европскиот парламент (ЕП) денеска се договорија за годишниот буџет на Унијата за 2021 година, но за тој да стапи на сила, Полска и Унгарија ќе мора да го укинат ветото за долгорочниот буџет на ЕУ за периодот од 2021-2027 година.

2
ЦРНА ГОРА - Со гласовите на 41 пратеник, од вкупно 81 присутни, црногорскиот парламент ја избра Владата на Црна Гора, предводена од Здравко Кривокапиќ.

3
ДАНСКА / ХОЛАНДИЈА - Министерство за надворешни работи на Данска ги демантира вестите дека го поддржува ветото на Бугарија за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, посочуваат од данското Министерство за надворешни работи. Демант по истите информации дојде и од Холандската амбасада во Скопје, пткако таква информација имаше и за Холандија.

4
БУГАРИЈА / МАКЕДОНИЈА - Денешната средба на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања заврши без никаков резултат и нема ниту минјатурен чекор поместување. Ова беше кажано на прес конференцијата на двајцата копретседатели во Комисијата, Драган Георгиев и Ангел Димитров по денешната онлајн средба на комисијата.